Луда доминација: Основани се пред три години, одиграле 96 натпревари и - сите ги победиле!
Она што ја прави оваа приказна единствена е фактот дека Аркадаг, во трите сезони од туркменистанското првенство во кои учествува, има скор од 82 победи, 0 нерешени и 0 порази. На тоа се надоврзуваат и 14 победи во исто толку куп-натпревари, што значи дека клубот има вкупен домашен биланс од неверојатни 96-0-0. На прв поглед, ваквите бројки делуваат апсурдно, но не е потребно многу истражување за да се разбере зошто е така.
Клубот е основан на 1 април 2023 година од Гурбангули Бердимухамедов, човекот кој од 2006 до 2022 година беше претседател на Туркменистан. Поради својот авторитарен начин на владеење, Бердимухамедов често се опишува како диктатор, а тоа го потврдува и фактот што од 2022 година претседател на државата е неговиот син Сердар Бердимухамедов, кој победи на избори оценети како нефер и наместени.
Иако формално се повлече од функцијата, Гурбангули и понатаму има огромно влијание врз власта и врз својот син, а во моментов е и претседател на домот на парламентот.
Кога клубот беше осснован во Аркадаг завршија речиси сите најдобри играчи од Туркменистан, со што останатите клубови практично немаа никаква шанса да бидат конкурентни.