Меси предизвика и хаос во Индија, полицијата апсеше!

Полицијат во Калкута го уапси шефот на агенцијата која го организираше доаѓањето на Лионел Меси во овој индиски град, а причина за апсењето е општиот хаос што настана откако аргентинскиот фудбалер се појави на стадионот „Солт Лејк“.

Меси не се задржа долго и тоа донесе големо незадоволство кај разочараните фанови кои почнаа да уништуваат сè што им се најде при рака. Стотици столчиња биле оштетени, скршени и фрлени на теренот, наводно дел од фановите влегле и во конфликт со полицијата.  

Влезниците за дочекот на Меси на стадионот чинеле речиси половина од просечната месечна плата во Индија (околу 40 долари), додека најстрасните фанови платиле и трипати поголема сума.

На крајот, сето тоа било само за да го „видат“ Меси околу 20 минути, наместо најавените 45, колку што требало да помине на стадионот.

„Не можам да поверувам дека сè беше толку лошо организирано“, изјави Еди Лал Хмангаихзуала, кој патувал два дена и поминал речиси 1.500 километри од Мизорам за да присуствува на настанот.

Меси брзо си замина, мислам дека се чувствуваше небезбедно. Едвај го видов“, изјави тој за Ројтерс.

Полицијата реагирала брзо по инцидентите и ја уапсила лицето кое било на чело на организацијата.

„Главниот организатор веќе е приведен. Преземаме мерки за ова што се случи да не помине неказнето“, соопштија од полицијата.

Инаку, Меси кратката тродневна турнеја низ Индија ја заврши денеска во Њу Делхи.

Фото: EPA