Антони ја оживеа кариерата во Бетис, а сега може да се пресели во Серија А

Бразилскиот крилен напаѓач Антони во зимскиот преоден рок го напушти Манчестер јунајтед и како позајмен фудбалер се пресели во Бетис, а тоа се покажа како одличен потег.

Во шпанскиот тим успеа да ја оживее кариерата и стана вистински лидер на екипата која стигна и до финалето од Конференциската лига, додека во Ла Лига заврши на шестата позиција.

Сепак, Аморим не смета на него, па за Бразилецот нема место на „Олд Трафорд“ и сега би можел да биде продаден или испратен на нова позајмица. Наводно желбата на Антони е останување во Бетис, но медиумите пишуваат дека во трката се вклучил и италијанскиот Комо.

Фабрегас кој е тренер и еден од сопствениците на калчолигашот во Антони гледа одличо засилување, а преговорите наводно се водат во двете насоки.

Како и да е се истакнува дека, речиси сигурно еден од овие два клуба ќе биде местото каде што ќе го гледаме Антони во наредната сезона.