„Бомба“ од Белград: Партизан добива засилување од Барселона!

Екипата на Партизан според последните информации обезбедила големо засилување и наредната сезона дресот на гигантото д Белград ќе го носи кошаркарот на Барселона, Џабари Паркер.

Паркер постигнал двегодишен договор и неговата преселба во Партизан сигурно ќе биде еден од поголемите трансфери ова лето.

Со Барселона за која играше во минатата сезона, Паркер имаше договор до 2026 година, но веќе некое време беше јасно дека заминува од Каталонија бидејќи посакуваше промена на средината.

Од друга страна позицијата крилен центар беше еден од приоритетите за Партизан во овој преоден рок. За Паркер покрај Партизан имаше интерес од Панатинаикос и Олимпијакос, но на крајот се одлучи за тимот на Жељко Обрадовиќ.