Миовски и Трапановски ќе добијат друштво: Нов македонски интернацоналец на радарот на Шкотланѓаните
Тамошните медиуми тврдат дека неколку клубови се заинтересирани за него, а на прво место е Хибернијанс. Овој тим се бори за место во квалификациите за Лигата на Европа преку домашното првенство, но исто така би можел да обезбеди пласман во европските купови идната сезона ако Селтик го освои Шкотскиот куп.
Исени игра во косовското првенство, во тимот на Дукаѓини каде замина од тимот од Тирана во 2023 година. Неговиот договор истекува претстојното лето што го прави уште поатрактивен за шкотските премиерлигашки. Иако наскоро ќе наполни 26 години, тој се уште нема настап во македонската репрезентација, а во минатото играше за У21 селекцијата на Македонија.
Фудбалерот роден во Скопjе имаше шанса да се пресели во Хрватска, во тимот на Горица во јануарскиот преоден рок, но го одби трансферот за да ја заврши сезоната со Дукаѓини. Доколку Исени се врати во Шкотска следното лето, тој ќе биде најновиот македонски играч со трансфер во Премиер лигата во последниве години.