Се најде јунак да ја совлада Струга: Брера Струмица го нокаутира лидерот во лигата!

Фудбалерите на Брера Струмица направија големо изненадување во 10. коло од македонската Прва лига, откако со 4-2 ја совладаа Струга, додека скопското дерби меѓу Работнички и Македонија ЃП заврши без победник.

Брера по само седум минути игра имаше предност од два гола откако стрелаа Наумчески и Стојанов, меѓутоа Струга со погодок на Зенку ја врати неизвесноста.

Ндзенге се најде во одлична ситуација и повторно ја затресе мрежата на домаќинот за предност од 3-1 на струмичани, а во финишот на првиот дел Бојку постигна одличен гол за 2-3.

Струга не успеа да постигне и трет гол, откако не искористи неколку шанси, а тоа го казни Брера во 61. минута кога ги постави конечните 4-2.

Вториот меч кој се играше во истиот термин меѓу Работнички и Македонија ЃП заврши без победник (0-0). 

Првото полувреме понуди интересен фудбал од двете екипи, а „лавовите“ беа најконкретни во нападот, меѓутоа немаа муниција и не завршија ниту една акција со погодок.

Во второто полувреме подобар ривал на теренот беше составот од Дебар Маало, кој се закани неколку пати, но немаше промена на резултатот.

Standings provided by Sofascore