Меси му „украде“ рекорд на Роналдо – пред него стигна до границата од 900 гола!

Лионел Меси повторно ја презеде главната сцена во светскиот фудбал, престигнувајќи го Кристијано Роналдо во трката за голгетерската вечност.

Аргентинецот со двата погодоци во победата на Интер Мајами против Нешвил (3-1) на отворањето на плејофот во МЛС, стигна до вкупно 891 гол во кариерата и тоа побрзо од својот ривал. Меси со 38 години и 122 дена го надмина својот португалски ривал, кој до бројката од 890 голови стигна дури на 39 години и 89 дена. Разликата е впечатлива и во бројот на одиграни натпревари – Меси до 890 гола стигна по 1.131 настап, додека на Роналдо му беа потребни 1.220 меча. Тоа значи дека аргентинскиот магионичар реализира повеќе и побрзо, потврдувајќи дека дури и во позните години од кариерата останува чекор пред својот најголем конкурент во историјата.

Ветеранот има неверојатна статистика низ клубови и репрезентација. Тој постигна 672 голови за Барселона, 114 за Аргентина, 73 за Интер Мајами и 32 погодоци во дресот на ПСЖ. Покрај тоа, има и 399 асистенции, со што директно учествувал во 1.289 погодоци во кариерата — бројка која тешко дека ќе биде достигната во модерниот фудбал.

ФОТО: EPA PHOTO