Атаман збесна како никогаш до сега, па „со сила“ беше избркан од салата (ВИДЕО)
Турскиот стратег доби две технички грешки поради бурна реакција на судиската одлука за неспортски фаул на Кендрик Нан, шест минути и 48 секунди пред крајот на третата четвртина. Атаман збесна како никогаш досега - протестираше енергично, гестикулираше кон судиите и набргу беше испратен во соблекувалната, па дури и надвор од салата. Во моментот на неговото исклучување, Панатинаикос губеше со резултат 42-52.
Без својот тренер, грчкиот гигант не успеа да се врати во натпреварот и на крај беше поразен со убедливи 75-92. Со овој неуспех, тимот од Атина сега има биланс од четири победи и два пораза по првите шест кола од Евролигата.