Лејкерс не чекаа ниту ден: Дончиќ потпиша нов договор вреден 165 милиони долари!

Словенечкиот кошаркар, Лука Дончиќ потпиша нов договор со Лос Анџелес Лејкерс со важност во наредните три години и вреден 165 милиони долари.

Лејкерс не чекаа ниту еден и токму од денеска кога можеа да му понудат нов договор ја официјализираа новата соработка.

Договорот е на три години бидејќи Дончиќ во 2028 година ќе има можност да потпише максимален договор вреден 417 милиони долари.

Во изминатата сезона за Лејкерс одигра 28 натпревари во кои оствари просек од 28.2 поени, 8.1 скок и 7.5 асистенции по натпревар. Во плеј-офот каде што Лејкерс во пет натпревари беа поразени од Минесота, Дончиќ просечно постигнуваше 30.2 поени и имаше седум скокови и 5.8 асистенции.

„Само што потпишав продолжување на соработката со Лејкерс. Возбуден сум што ќе продолжам да работам на освојувањето на шампионската титула во Лос Анџелес. Благодарен сум на соиграчите и сите навивачи кои ми покажаа толку многу љубов од првиот ден. Оваа е само почеток“, објави Дончиќ.