
Реал го плати 30 милиони евра, а сега заминува без ниту еден настап!
Фудбалерот од средниот ред на 18 години пристигна во Реал Мадрид од Фламенго во трансфер вреден 30 милиони евра. Па се расплака на претставувањето дека потпишал за кралскиот клуб.
Реал од него имаше големи очекувања, многумина сметаа дека ќе стане ѕвезда како неговите сонародници Родриго и Винисиус, но ништо од тоа не се случи.
Овој 23-годишен играч беше праќан на позајмици, играше Борисија Дортмунд, Жирона, Фросиноне и Гранада, но никаде немаше континуитет на настапи и не ја доби потребната минутажа.
Последните денови тренираше со младинскиот и со вториот тим на Реал Мадрид, а сега го напушта кралскиот клуб засекогаш откако му истече договорот и ќе игра за Атлетико Минеиро во Бразил.
Тој се надева дека со враќањето во својата татковина може да ја оживее кариерата.