Драматична битка меѓу возачите на Мекларен во Унгарија - Норис победи пред Пјастри!

Ландо Норис победи на трката за Големата награда на Унгарија пред својот колега Оскар Пјастри во голема борба во последните кругови која ја водеа двајцата возачи на Мекларен.

Леклер стартуваше од првата позиција, но возачот на Ферари не се качи ниту на подиумот на денешната трка на Хунгароринг.

Стратегијата на Мекларен беше подобра, а во последните кругови се водеше вистинска борба меѓу возачите на овој тим, Ландо Норис и Оскар Пјастри. Во една таква битка лесно можеше да се случи и двајцата да настрадаат во инцидент, но тоа не се случи. Норис ја одбрани лидерската позиција и дојде до победа.

Уште поголемо сатисфакција во оваа победа за Норис е тоа што стартуваше на петтата позиција, ретко се случува во Унгарија некој да дојде до победа од тоа стартно место.

Третото место му припадна на возачотна Мерцедес, Џорџ Расел кој извозе и најбрз круг на трката.

Во топ десет завршија уште и Леклер кој беше четврти, следуваа Алонсо, Боролето, Строл, Лаусон, Ферстапен и Антонели.