
Штета за јуниорите: Бугарите нѐ испаднаа од елитата со - „бугарска тројка“ пред крајот (ФОТО)
Нашите таленти со овој пораз завршуваат на 14. позиција на првенството на најдобрите до 18 години, што не беше доволно и следната сезона да играме во елитата во оваа возрасна категорија. Штета, со оглед на вчерашната добра игра и победа против Белгија, како и одличниот настап во најголемиот дел од мечот против источниот сосед. Нашите кошаркари беа подобар противник речиси три четвртини од мечот, имаа позитива и од девет поени (39-30), но две големи серии на противникот ни ја запечатија судбината.
Првата беше во финишот од вториот период, кога Бугарите со 14-2 неочекувано со водство заминаа на одмор (44-41), а втората е во последната четвртина кога противникот со 17 поени по ред дојде до огромни плус 16 (86-70). Жолто-црвените доцна се разбудија, вратија со серија 14-0, но едноставно немаше време за целосен пресврт кој би значел опстанок во елитата. Бугарските кошаркар на дваесетина секунди погодија среќна тројка со шут од осум метри со звукот на сирената со што си ја осигураа победата.
Дарјан Димовски со 29 поени беше убедливо најдобар во нашиот тим, додека Никола Јаничиќ постигна 19 поени со седум скока, а Дамјан Данев 18 поени со шест скока.
Македонските јуниори со ова првенството го завршуваат со седум порази и еден триумф и следната година ќе игра во дивизијата Б.