Погледнете ја тројката на „бугарски начин“ која ни ги расплака јуниорите (ВИДЕО)

Македонските јуниори загубија од Бугарија со 87-90 на кошаркарското Европско првенство (ЕП) во Белград, а решавачкиот момент се случи во самата завршница кога нашиот источен сосед успеа да погоди тројка со звукот на сирената.

Бугарските кошаркари имаа проблеми во реализација на нивниот напад, меѓутоа еден од нив успеа да постигне среќна тројка со шут од осум метри, и тоа со звукот на сирената со што ја обезбеди победата на својата селекција.

Нашите јуниори го завршија првенството со седум порази и еден триумф, а од следната година ќе играат во Б-дивизија.