Гого: Нема изговор за поразот, ова ср*ње продолжува - без разлика на сѐ!

Македонскиот борец Горјан Славески го доживеа првиот пораз во бокс со голи раце откако загуби од Џулијан Лејн, Македонецот се јави и со прва реакција.

Гого Славески остана без шампионскиот појас, кој сега е во сопственост на Џулијан Лејн. По пет лавовски рунди Македонецот загуби со едногласна одлука на судиите.

Тој без замерки го призна поразот и најави дека ќе продолжи понатаму во овој спорт.

„Вчера беше ноќ на Џулијан, нема изговори. Честитки за него. Сакам да им се заблагодарам на сите луѓе кои ми даваа поддршка низ сето ова и на сите спонзори кои беа со мене на ова патување. Ова ср*ње продолжува, без разлика на сѐ“, напиша Гого на социјалните мрежи.