Хаос во Италија: Се судрија 15 болиди, трката беше прекината по 17 секунди! (ВИДЕО)

Катастрофална сцена беше забележана на познатата патека Имола во Италија, каде што трката во Формула 4 се претвори во вистински хаос во првите секунди.

На самиот почеток се судрија голем број болиди, односно вкупно 15, по што организаторите ја прекинаа трката по само 17 секунди.

Делови од болидите летаа на сите страни, но за среќа сите возачи се во добра здравствена состојба и никој не заработил потешки повреди.