Атлетико израмни на идентичен начин - од пенал (ВИДЕО)
Стрелец на голот за 1-1 беше Хулијан Алварез откако претходно Бен Вајт играше со рака во својот шеснаесетник. Главниот судија Дени Макели во прв момент не покажа на белата точка, но по прегледувањето на ВАР снимката увиде дека погрешил и му даде пенал на Атлетико.
За разлика од првото, во второто полувреме се игра многу подинамично, а иницијативата ја има домашниот тим.