Едно од најскапите засилувања на Челси доби четиригодишна суспензија!

Украинскиот фудбалер Михајло Мудрик доби четиригодишна суспензија од Англиската фудбалска асоцијација (ФА) откако падна на допинг-тест, а неговиот случај веднаш беше испратен до Арбитражниот суд за спорт.

Ѕвездата на Челси беше суспендирана во декември 2024 година, а суспензијата беше привремена, но тоа сега се промени, меѓутоа Мудрик реши да се жали пред Судот за спортска арбитража.

Крилниот фудбалер, исто така, го ангажирал адвокатското друштво „Морган Спортс“, кое претходно го бранеше Пол Погба во случајот со допинг.

Мудрик пристигна во Челси како големо засилување од Шахтер во 2023 година за 70 милиони евра, а за премиерлигашот одигра 73 натпревари и постигна 10 голови и 11 асистенции.