Милан Ристовски доби место меѓу најдобрите во Чешка (ФОТО)

Maкедонскиот напаѓач, Милан Ристовски кој викендов постигна гол во дресот на Бохемијанс се најде и во тимот на колото во Чешка.

Ристовски беше стрелец во победата од 2-0 на својот тим против Спарта Прага. Македонскиот напаѓач го отвори резултатот точно на истекот на еден час игра, а само две минути подоцна Бохемијанс постигна и втор гол.

Овој гол за Ристовски беше четврти во актуелната сезона.

​​