Пелистер не го дава своето дете, Белистојановски го засили првиот тим!

Eкипата на Пелистер денеска потврди дека Ненад Белистојановски од наредната сезона ќе биде дел од првиот тим.

Белистојановски е ракометар кој досега настапуваше за Пелистер 2, а претходно ги помина и сите младинските категории на клубот, а сега ќе има прилика да се докаже во сениорскиот состав.

Македонскиот младински репрезентативец стави потпис на соработка до 2028 и со првиот тим ќе тренира со стартот на подготовките за новата сезона од јули.