Тузолана: Мојот глупав црвен картон ја стави екипата во тешка ситуација!

Вардар од Франција се врати со тежок пораз, Монплеје максимално го искористи домашниот терен и го доби мечот со 33-23.

Црвено-црните ги пратеа низа проблеми, за овој меч Чупиќ не можеше да смета на најдобрите двајца, Јака Малус и Дмитро Хориха. Во текот на мечот се повреди и Жоао Педро да Силва, а на почетокот од вториот дел црвен картон заработи крилото Тузолана.

„Многу сме разочарани. Не дојдовме само за да го одиграме овој натпревар. Го почитувавме планот на тренерот. Во првото полувреме беше добро. Во второто, не влеговме добро, мојот глупаво добиен црвен картон беше важен, ја стави екипата во тешка ситуација и немавме многу ротации. Најважно е да продолжиме да веруваме и да дадеме подобра слика за нас во текот на сите шеесет минути на реваншот. Продолжуваме да учиме и да напредуваме и ќе се бориме следната недела“, смета вардаровото крило.