Димитриевски презадоволен: Ова е мојот најдобар период во Валенсија
Димитриевски на најдобар начин ја искористи повредата на првиот Хулен Агиресабалага за да докаже дека неоправдано е во втор план и дека има квалитет за голот на поранешниот шампион на Шпанија и европски вицепрвак. Валенсија се бори за опстанок, но ќе беше многу полошо ако не помогнеше Димитриевски со своите спектакуларни одбрани.
„Секогаш се обидувам да го дадам најдоброто од себе на тренинг секој ден и сум многу задоволен од моите интервенции и од можноста да му помогнам на тимот. Работев многу за да бидам подобар, се чувствувам добро и го давам максимумот на секој тренинг и натпревар. Најважен е тимот и освојувањето на трите бода на секој натпревар. Се наоѓам во мојот најдобар период сум во Валенсија, но можам да дадам повеќе“, рече Димитриевски.
Тој дојде во Валенсија во 2024 година од Рајо Валјекано и досега запиша 27 настапи, но до повредата на Агиресабалага, најчесто бранеше во Копа дел Реј бидејќи лани прв голман беше Мамардашвили. Оваа сезона беше директно заслужен за неколку освоени бодови на Валенсија, вклучувајќи го дуелот против Жирона минатиот викенд на кој имаше спектакуларна интервенција во последната минута со која спречи израмнување.