Чупиќ: Резултатот во Франција е логичен!
Вардар беше поразен со 23-33, па во Скопје ќе има невозможна мисија да ја анулира огормната негатива против силниот противник.
Една од причините за лошиот резултат е и отсуството на најдобрите, Јака Малус и Дмитро, а во текот на мечот се повреди и Жоао Педро.
„Игравме добро дефанзивно и бевме многу дисциплинирани во првото полувреме. Се обидовме да ја запреме нивната транзициска игра. Потоа, игравме „седум на шест“ за да ги промениме работите, бидејќи имавме ограничен состав. Бев разочаран од почетокот на второто полувреме, бидејќи направивме многу грешки, а последната четвртина беше многу, многу тешка. Генерално, крајниот резултат ми изгледа логичен“, смета Хрватот.