Во Охрид ќе има фан-зона пред битката за историско финале со Целје
Имено, Охрид преку социјалните мрежи информираше дека фан зоната ќе биде поставена пред салата „Билјанини извори“ со почеток од 16:30 часот.
„Дојдете во фан зоната пред салата „Билјанини извори“ во сабота, од 16.30ч. до пред почетокот на натпреварот.
Во фан зоната ќе биде отворен и нашиот фан шоп каде што може да набавите дресови, маици, шалчиња и други реквизити од ГРК Охрид“, информираа од Охрид.
Вратите за натпреварот ќе бидат отворени од 17:30 часот, а дуелот е закажан со почеток од 19:00 часот. Ќе потсетиме, Охрид на гости загуби минимално со еден разлика (27-26) и сега со поддршка од домашната публика се надева на позитивен резултат.
„Ова европско полуфинале има големо значење за Охрид. Целје е одличен тим, но ние играме дома и ќе го дадеме нашиот максимум“, најави ракометарот на Охрид, Томислав Јагуриновски.