Чудесниот Грузиец руши рекорди во Париз, ова не му успеало на никој друг
Грузискиот офанзивец испишува историја во дресот на ПСЖ и веќе има вкупно 15 директни учества во голови (десет погодоци и пет асистенции) со што стана единствен со таков учинокк.
Со тоа Кварацхелија надмина некои од најголемите имиња кои го носеле дресот на ПСЖ. Ниту Ибрахимовиќ во своите најдобри сезони, ниту Нејмар или Меси не успеаја во Париз да стигнат до вакви бројки во една сезона од Лигата на шампионите.
Она што ја прави оваа приказна уште поимпресивна е фактот дека сезоната сè уште не е завршена. ПСЖ го очекува најмалку уште еден натпревар, што значи дека Кварацхелија има шанса дополнително да го зголеми својот рекорд и со формата во која игра тоа воопшто не би било чудно.