Сидорф го избра најдобриот во светот: Неверојатен е, секогаш знае што да направи!
Четирикратниот освојувач на Лигата на шампионите не ја криеше својата воодушевеност по настапот на Кварацхелија, а во изјава за „Амазон Прајм“ посебно ја пофали неговата техничка брилијантност.
„Кварацхелија е најдобар играч во светот и ќе биде уште подобар. Не знам дали ќе остане на левата страна, бидејќи тој едноставно знае што треба да направи во секоја ситуација. Во одредени моменти ја носи екипата и затоа ми се допаѓа неговата интелигенција. Тој е дополнителен играч во средниот ред, а истовремено во нападот прави разлика. Неверојатен е“, порача поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и Ајакс.
Кварацхелија игра фантастична сезона во најелитното европско натпреварување и со вчерашните два гола стигна до бројката од вкупно десет гола и пет асистенции во Лигата на шампионите сезонава.