Мурињо одговори на прашање за Реал Мадрид!

Жозе Мурињо се споменува како кандидат број еден за нов тренер на Реал Мадрид, наводно Португалецот е по мерка на Флорентино Перез кој сам ќе одлучи кој ќе биде наследникот на Арбелоа.

Наводно Перез е разочаран од младите тренери и сака искусен стратег кој знае да освојува трофеи, а во Мурињо го гледа идеалното решение.

Мурињо беше прашан за гласините кои го поврзуваат со Реал Мадрид, но Португалецот не кажа многу.

„Реал Мадрид? Мојата следна цел е да ја однесам Бенфика во Лигата на шампионите. Ако победиме на следните три меча, ќе играме во најголемото европско натпреварување. Тоа е единствената работа која ја имам во мојата глава“, рече Мурињо.