Јагуриноски: Ќе го дадеме максиумот против Целје, ова е голем меч за Охрид!
Охриѓани во Македонија донесоа активен резултат, негатива која ќе се обидат да ја анулираат на 2. мај во сабота кога во салата „Билјанини извори“ се игра реваншот.
Еден од важните играчи на Охрид е Томислав Јагуриноски, тој денеска даде кратка изјава за овој важен натпревар за неговиот тим и за градот.
„Ова европско полуфинале има големо значење за Охрид! Целје има одличен тим, но ниеиграме на домашен терен и ќе го дадеме нашиот максимум!“, рече Томислав Јагуриноски.
Мечот меѓу Охрид и Целје се игра во сабота со почеток од 19 часот. Пред натпреварот клубот организира и фан-зона со диџеј и фан-шоп.