Ѓокереш изнуди пенал и го реализира - Арсенал со предност на полувреме (ВИДЕО)
Главен протагонист беше шведскиот репрезентативец Виктор Ѓокереш кој прв изнуди пенал од Ханко, а потоа во гол го претвори ударот од белата точка. Домашните фудбалери и тренерот Диего Симеоне жестоко реагираа, но главниот судија остана цврсто на својата одлука.
Арсенал секако беше нешто подобар противник во првото полувреме во кое немаше многу шанси за гол. Најголемата прилика ја имаше Мадуеке кој во 30. минута ја погоди десната статива од голот на Облак.