Реал ќе биде активен на пазарот: Перез планира три засилувања во одбраната

Реал Мадрид има разочарувачка сезона, па поради тоа раководството на клубот почна да крои планови за следната сезона, а „Ел Чирингито“ пишува дека одбраната ќе биде главен приоритет на претседателот Флорентино Перез.

Перез планира да ангажира најмалку тројца нови дефанзивци во летниот преоден рок и така да го реши проблемот со кој се соочува „кралскиот клуб“.

Засега не се откриваат конкретни имиња на фудбалери, но се шпекулира дека ќе биде комбинација од искусни фудбалери и млади таленти.