Џерард презема една од екипите кои сезонава испаднаа од Премиер лигата
Англиските новинари пишуваат дека Барнли неодамна почнале преговори со претставниците на Џерард, кој дал „зелено светло“ и е подготвен за новиот предизвик.
Барнли во моментов се наоѓа на 19. место во англиската елита со само 20 освоени бодови на пет кола пред крајот.
Џерард досега беше тренер на младите фудбалери на Ливерпул, како и првите тимови на Ренџерс, Астон вила и Ал-Етифак.