Пелистер му излезе во пресрет на Вардар - дербито ќе се игра во друг термин!

Македонските ракометни гиганти Вардар и Пелистер требаше да го одиграат дербито в сабота од 17 часот, но битолчани решиле да му излезат во пресрет на скопскиот тим и да ја одложат средбата за идниот четврток поради тоа што „црвено-црните“ ги чека реваншот против Монпелје на 5 мај.

Вардар и Пелистер ќе го играат дуелот, кој може да значи титула за „црвено-црните“, идниот четврток од 17 часот, објави „Вардар.инфо“.

Битолчани решиле да му излезат во пресрет на големиот ривал, кој ќе треба да брка негатива од 10 голови против Монпелје во реваншот во салата „Јане Сандански“ на 5 мај од 20.45 часот.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by @vardar.info