
Митревски: Ова е нова генерација, имаме уште работа, а резултатите ќе дојдат!
Митревски ги посочи клучните работи од дуелот против Романија, но смета дека времето на оваа репрезентација допрва доаѓа и Македонија ќе има квалитетен состав во иднина.
„Ова е нова генерација и целосно нов тим, знаеме дека претставува само прв чекор за нас како репрезентација. Клучен фактор за нашиот пораз беа нивните офанзивни скокови, лошо заградувавме во одбраната и во тој сегмент противникот направи многу голема разлика. Сепак, ова не треба да биде големо разочарување, ние почнуваме да градиме нешто ново, сигурен сум дека сите кошаркари го оставија срцето на терен и верувам дека резултатите ќе дојдат. Знаевме дека Романците имаат добри шутери, но имавме некои грешки во одбраната поради кои им оставивме целосно чисти позиции, претежно поради ротирањето. Сепак, морам да признаам дека нивниот шут беше големо изненадување за нас. Ќе треба во иднина да поработиме на сите сегменти и да не си доволуваме вакви порази“, кажа Митревски.
Македонија следниот меч во претквалификациите за СП го игра на 9 август од 18 часот.