Спектакл во најава: Усик сака ММА-меч против контроверзен борец!?

Светскиот шампион во тешка категорија Олександер Усик наводно е подготвен да направи неочекуван потег и да влезе во светот на ММА, каде што би се борел против контроверзниот јутјубер Џејк Пол.

Менаџерот на Усик, Сергеј Лапин откри дека преговорите меѓу двете страни се почнати и се во напредна фаза.

„Во моментов разгледуваме повеќе опции, но таа со Џејк Пол привлекува најмногу внимание. Луѓето сакаат да гледат такви борби, но овој пат не станува збор за бокс-меч, туку за ММА. Тоа е друга димензија и различен предизвик за двајцата“, вели Лапин.

Доколку биде постигнат договор меѓу двете страни, тоа дефинитивно ќе биде спектакл, а борците ќе поделат голема парична награда.