Трет пораз за Македонија: Одбојкарките беа немоќни против Грција

Женската македонска одбојкарска репрезентација денеска загуби од Грција со 0-3 во сетови, односно 8-25, 11-25 и 19-25 во третото коло од квалификациите за Европското првенство (ЕП).

Грција доминираше од самиот почеток на натпреварот, а победата ја најави уште во првиот сет кој го доби со убедливи 25-8.

Македонските одбојкарки беа за нијанса подобри во вториот сет, но повторно загубија со 11-25, додека најголем отпор дадоа во третиот сет, но и покрај тоа Грција триумфира со 25-19. Најефикасна во поразот на Македонија беше Терзијовска со 12 поени.

Македонија по три одиграни кола се наоѓа на последната позиција без освоен бод, додека пред нас е Австрија со три поени и Грција со девет бода.

Фото: Одбојкарска федерација на Македонија