Официјално: Јорел Хато го облече дресот на Челси (ФОТО)

Англискиот гигант Челси продолжи со засилувањата за новата сезона, па така денеска го промовира Јорел Хато кој доаѓа од Ајакс за 50 милиони евра.

Хато потпиша договор до 2032 година со освојувачот на Светското клупско првенство и Конференциската лига.

„Среќен сум што доаѓам во Челси. Сакам да станам уште подобар фудбалер. Знам дека ова е вистинскиот избор за мене“, кажа Хато.