Ужас во Србија: Гром удри среде натпревар, повредени се 10 фудбалери!

Српските медиуми пишуваат дека околу 18 часот на стадионот во Лозница удрил гром за време на натпреварот меѓу Раднички од Клупци и Цер од Пецка, при што биле повредени 10 фудбалери.

„Новости“ пишува дека едно лице од медицинскиот тим на Раднички веднаш интервенирало на теренот, откако 10 фудбалери се струполиле на теренот по ударот од гром.

Еден од фудбалерите на гостинскиот состав бил потешко повреден, односно морале да го реанимираат на теренот.

„Веднаш интервениравме на теренот. Нашиот тренер Ненад, кој за среќа е здравствен работник, даде помош додека чекавме возило на итна помош“, изјавил судијата Драган Јериниќ.