
Ѓоковиќ поради „режимот“ на Вучиќ го сели неговиот турнир во Грција!?
По потегот на Ѓоковиќ, голем дел од медиумите почнаа да го селат од Србија во Грција, каде што наводно српскиот тенисер почнал да бара дом и училиште за неговите деца, а сега се шпекулира и дека ќе го сели неговиот турнир кај нашиот јужен сосед.
Грчки „СДНА“ објави дека АТП-турнирот од 250 серијата треба да се одржи од 2 до 8 ноември во Атина, наместо во Белград.
„Како што е познато, односот на Ѓоковиќ со српскиот претседател се нарушени по трагедијата во Нови Сад и поддршката на тенисерот кон студентите“, пишува медиумот.