Најдобриот играч на Аталанта побара трансфер и го крена гласот: Многу неисполнети ветувања!

Адемола Лукман е бесен на Аталанта затоа што ја одби понудата на Интер за негов трансфер, тој сега и формално достави барање до клубот за да замине.

Интер понуди 42 милиони евра плус дополнителни три милиони евра во бонуси. Но, Аталанта ја одби понудата и бара 50 милиони евра.

Излезе информација дека Интер не планира да понуди повеќе од тие 45 кои ги нуди, па вниманието го насочиле кон Мадуеке од Челси.

Гласот го крена Лукман кој откри и дека поднел формално барање за трансфер до Аталанта.

„И покрај тоа што пристигна понуда која според мене е во согласност со тоа што беше дискутирано, за жал, клубот ја блокира можноста да заминам од причини кои не ми се јасни. Како резултат на тоа и по многу месеци неисполнети ветувања, чувствувам дека морам да проговорам за она што е исправно“, се вели во соопштението на фудбалерот и продолжува:

„Можам да потврдам дека и формално поднесов барање за трансферот. Поминав низ исклучително тешки моменти, многу од нив останаа приватни, и секогаш се обидував да го ставам клубот, навивачите и тимот на прво место. Се надевав дека нема да дојде нова ова, но чувствувам дека немам друг избор“.