
Млад голман на Македонија Ѓорче Петров потпиша за Партизан
Трајковски кој ја започна кариерата во Ѓорче го привлече вниманието со настапите за младинската екипа на „лавовите“, но исто така беше дел и од репрезентацијата во генерацијата до 18 години, а претходно бранеше за У15 и У17.
Во Партизан на почетокот ќе брани во екипата до 19 години.