Променет терминот за дуелот меѓу БиХ и Македонија на „Кошево“

Македонија ќе одигра пријателски натпревар против Босна и Херцеговина на 29 мај на „Кошево“ во Сараево, а босанската фудбалска федерација објави дека е променет терминот на старт на мечот.

Наместо планираниот термин од 18 часот, натпреварот меѓу БиХ и Македонија ќе се одигра од 20.30 часот.

На трибините на култниот стадион се очекуваат околу 22.000 навивачи, а ова за БиХ ќе биде подготовка пред настапот на Мундијалот.

БиХ се наоѓа во група со Швајцарија, Канада и Катар на Светското првенство (СП).