Сензација во Мадрид: 21-годишник го елиминираше бранителот на титулата!

Белгискиот 21-годишен тенисер Александер Блокс направи големо изненадување и го совлада најдобриот норвешки играч Каспер Руд со 6-4, 6-4 со што се пласираше во полуфиналето на турнирот во Мадрид каде што Руд ја бранеше титулата. 

За Блокс ова беше само петти настап во главната жрепка на некој Мастерс од серијата 1000, а досега најдобриот резултат го оствари пред три недели во Монте Карло, кога од квалификациите стигна до осминафиналето. Во Мадрид, на патот до полуфиналето, совлада четворица подобро рангирани тенисери.

Во второто коло го победи Американецот Брендон Накашимa, во третото коло против Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим ја запиша својата прва победа против тенисер од Топ 10, додека во осминафиналето беше подобар од Аргентинецот Франсиско Серундоло. Импресивно исто така е што последните три меча ги доби без загубен сет.

Негов следен противник ќе биде победникот од дуелот меѓу вториот и десеттиот носител, Германецот Александер Зверев и Италијанецот Флавио Коболи.

Фото: ATP Tour