Пелистер лесно се справи со Тиквеш пред битката со МЗТ

Екипата на Пелистер во последниот натпревар од плејофот во Суперлигата кој беше без резултатско значење славеше победа од 100-93 против Тиквеш.

Гостите подобро влегоа во натпреварот, но Пелистер брзо се врати и го презема водството, па на пауза замина со 29-25. Веќе во вториот период домашниот состав побегна на 38-29, но ниту Тиквеш не се откажуваше.

На полувреме сепак, Пелистер го одржуваше водството кое во тој момент изнесуваше седум разлика (51-44).

Пелистер во почетните минути од вториот дел за првпат дојде и до довицфрена разлика поведувајќи со 56-46, а најмногу разликата одеше до 15 поени предност. Тиквеш во последниот период го имаше последниот налет, меѓутоа немаше сили за целосно да се врати во мечот.

Најдобар на паркетот беше Ленгстон Вилсон со 29 поен, го следеше Брејси Дејвис со 24, а на спротивната страна исто толку постигна Хокинс.

Битолчани сега ги чека полуфиналето во кое ќе се соочат со големиот ривал МЗТ Скопје.