УЕФА се огласи и одговори зошто Арсенал не добил втор пенал (ВИДЕО)
Во финишот од натпреварот судијата Дани Макели покажа на белата точка откако Давид Ханцко наводно го згазил Езе во шеснаесетникот. Следуваа силни протести од домашните фудбалери, по што стигна и повик од ВАР, а одлуката беше променета.
Во таборот на Арсенал не го криеја незадоволството ниту по натпреварот, а на крајот реагираше и УЕФА со кратко објаснување.
„Играчот на Атлетико со број 17 не направи прекршок над противникот“, соопштија од УЕФА, без дополнителни детали за самиот процес на донесување на одлуката.
Од друга страна, во Арсенал се убедени дека контактот меѓу двајцата фудбалери бил очигледен и дека Езе бил фаулиран.
Actually fair choice from ref not to award second penalty to Arsenal#AtleticoArsenal pic.twitter.com/2HV6vkBXe0
— Tancredi Palmeri (@tancredipalmeri) April 30, 2026