Премиерлигаш ангажирал ММА-борец за да ги тренира фудбалерите!

Тренерот на Брајтон, Фабијан Хурцелер потврди дека донел несекојдневна одлука и ангажирал ММА-борец да води дел од тренинзите на премиерлигашот.

Хурцелер ангажирал борец за да им помага на фудбалерите додека тренираат одбрана при прекини.

„Го ангажиравме пред неколку месеци, ни помага во одбраната за време на прекините, како да блокираме фудбалери и слично. Некогаш во дуелите мора да бидете цврсти, постојат различни начини како да го искористите вашето тело и вештини во дуелите еден на еден, па поради тоа користиме техника од ММА“, кажа Хурцелер.

Фото: Facebook/Brighton & Hove Albion FC