Реал Мадрид го здроби Хапоел и е на чекор до Ф4 во Евролигата

Кошаркарите на Реал Мадрид ја запишаа втората победа против Хапоел Тел Авив, откако вечерва триумфираа со 102-75.

Хапоел Тел Авив беше подобар противник во првото полувреме и успеа да замине на паузата со 42-40, меѓутоа „кралскиот клуб“ во вториот дел целосно ја контролираше играта и го декласира ривалот на паркетот.

Со моќна трета четвртина (33-20) го направи првиот чекор кон победата, а потоа Реал до крајот го запечати триумфот со конечни 102-75.

Најефикасен во победничкиот тим беше Факундо Кампацо со 23 поени, три скокови и шест асистенции, додека Даниел Отуру запиша 19 поени и четири скокови за Хапоел.

Третиот натпреваро меѓу Реал Мадрид и Хапоел Тел Авив се игра на 5 мај.

Фото: Facebook/Real Madrid Basket