Кошта ѝ пресуди на Жирона, Мајорка сè поблиску до опстанок (ВИДЕО)
Првото полувреме помина без премногу шанси, но и еден гол на Саму Кошта во 43. минута кога ѝ донесе водство на Мајорка од 1-0.
Жирона играше напаѓачки фудбал во вториот дел со оглед на тоа дека бркаше негатива од еден гол, додека Мајорка успешно се бранеше до последниот судиски свиреж.
Мајорка и Жирона се на делба на 15. позиција со по 38 бодови, односно имаат четири поени повеќе од Севилја која е во зоната за испаѓање.
🚨 UNCONTESTED HEADER BY SAMÚ COSTA! MALLORCA TAKES THE LEAD
— Goals Xtra (@GoalsXtra) May 1, 2026
GIRONA FC 0 - 1 MALLORCApic.twitter.com/O19WcCd14m
Фото: Facebook/RCD Mallorca