Серија А доби нов член: Венеција се враќа во елитата и ќе игра на модерен стадион!
Венеција на едно коло пред крајот обезбеди место во италијанската елита, откако денеска ремизира против Специја (2-2).
Со овој бод, Венеција остана на лидерското место со 79 бодови, односно еден поен повеќе од второпласираниот Фросиноне и четири повеќе од Монца.
Венеција, исто така, од 2027 година треба да игра на нов и модерен стадион кој е во изградба.
Од Серија Б првите две екипи се пласираат директно во Серија А, додека шест тимови преку плејоф се борат за третиот билет за повисок ранг.
Фото: Facebook/Venezia FC