Баерн го доби дербито против Алба, Димитријевиќ постигна девет поени

Кошаркарите на Баерн Минхен триумфираа против Алба Берлинсо 85-79 во 31. коло од германската лига, а македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ постигна девет поени.

Баерн со одлична игра го доби првото полувреме со 42-37, но гостите од Берлин не се откажуваа и веднаш на стартот на третата четвртина направија целосен пресврт (48-44).

Алба ја чуваше предноста во текот на целата четвртина, по што Баерн влезе во одличен ритам во последните 10 минути и ја обезбеди победата (85-79).

Најефикасен во победничкиот тим беше Обст со 18 поени, додека Димитријевиќ постигна девет поени, шест скокови и пет асистенции.

Фото: Facebook/FC Bayern Basketball