Зверев ќе се бори против Синер за титулата во Мадрид

Германскиот тенисер Александер Зверев се пласира во финалето на мастерсот во Мадрид, откако вечерва славеше со 2-0 во сетови, односно 6-2 и 7-5 против Белгиецот Александар Блокс.

Блокс играше неверојатен турнир и се надеваше на ново изненадување, меѓутоа Зверев доминираше од самиот почеток и го освои првиот сет со 6-2.

Белгиецот даде поголем отпор во вториот сет, каде што малку повеќе го измачи Зверев, но Германецот стигна до триумф со 7-5.

Зверев во финалето ќе се соочи против Синер. Тие двајца досега одиграа 13 меѓусебни средби, а Италијанецот има дури девет победи.