Ако се избори за финале, Охрид ќе игра против екипата на Талески!

ЕХФ Европскиот куп денеска го доби првиот финалист, откако Татабања славеше во реваншот против Извиѓач со 37-34 (вкупни 68-67), па така Охрид дозна со кого би можел да се бори за титула, ако претходно го елиминира Целје.

Татабања не блескаше во првото полувреме, кое го доби со еден гол позитива (20-19), по што следеше голема борба на почетокот на вториот дел. Сепак, унгарскиот тим успеа да го скрши ривалот и да слави на крајот со 37-34.

Македонскиот ракометар Филип Талески постигна еден гол за победничкиот тим.

Охрид утре го игра реваншот од полуфиналето против Целје и ќе брка негатива од еден гол (26-27).

Фото: Tatabánya Kézilabda Club/Facebook